Skip to main content

општина дебрца

Ќе се реконструира отвореното спортско игралиште во Мешеишта

Општина Дебрца нарача изработка на техничка документација за основен проект за реконструкција на отвореното спортско игралиште за мали спортови во селото Мешеишта.
 |  инфодеск  | 

Општина Дебрца информира дека согласно годишната програма за развој на спортот, општината нарача изработка на техничка документација, основен проект за реконструкција на отвореното спортско игралиште за мали спортови во селото Мешеишта.

-Со проектот е планирано поставување на нов асфалтен слој и слој од тартан со д=1,3 см,демонтажа на постојната и изградба на нова ограда околу полигонот, нови стативи, нови табли и обрачи за кошовите, санација на надворешните санитарии, репарација на постојната трибина и фарбање на столчињата, а во северниот дел плато за фитнес опрема и детски реквизити, велат од Општина Дебрца.

По завршувањето на проектот, планирано е Општина Дебрца да аплицира за обезбедување финансиски средства за реализација на реконструкцијата од Министерството за спорт, од каде се очекува нивно одобрување. Проектот го изработува проектантското друштво “Параметар” Скопје, а средствата за изработка на проектот и ревизијата, во износ од 1.507,491 денари се обезбедени од Буџетот на општината за 2025 година.