Skip to main content

Министерство за одбрана

Ќе се реконструира сидриштето во каналот Студенчишта кај центарот за обука на вода на АРМ

Министерството за одбрана веќе склучи договор со фирма изведувач која покрај реконструкција на дрвената платформа ќе изведе и потпорен sид за спречување на појава на свлечишта.
 |  Маја Савиќ  | 

Ќе се реконструира сидриштето „Билјанини Извори“.  Министерството за одбрана, сектор за логистика склучи договор за реконструкција на сидриштето во каналот Студенчишта кај  центарот за обука на вода наАРМ со фирмата „ЕМ груп електрометал“, ДОО од Скопје.

Одлуката за реконструкција за Сидриштето е донесена откако е направен надзор од стручни лица од чија што страна е констатирано дека истото е во лоша состојба и претставува опасност за корисниците. Од причина што досега немало потпорен ѕид се појавија свлечишта на брегот. Истиот ќе се постави во сегашната реконструкција. “ – велат за ТВМ од Министерството за одбрана.

Реконструкцијата на сидриштето „Билјанини извори” опфаќа изведба на потпорен бетонски ѕид за да нема свечиште на земјиштето, поставување на нова дрвена платформа изведена од дрвена конструкција и поставување на нови канделабри и рефлектори за осветлување.

“Новата дрвена платформа ќе биде изработена од импрегнирани дрвени елементи за кои што ќе се користи еколошки материјал за импрегнација за да не дојде до загадување на езерската вода„ – посочуваат од министерството.

Вредноста на договорот е 29.271.339 денари или 475 957 илјади евра. Рокот на изведба е 60 работни дена, во зависност од временските услови .

Сидриштето „Билјанини извори” во Охрид е изградено во 2005 год. со тоа што тогаш е поставена сегашната дрвена платформа која што до денес не е реконструирана. Истата се користи за воени и цивилни пловни објекти.