Skip to main content

Кенијците во машка и женска конкуренција најуспешни на Охридскиот атлетски маратон

Кенијците во машка и женска конкуренција најуспешни  на Охридскиот атлетски маратон.

 |  Валентина Неловска  | 
kenija

 

Абел Кибет  и Ребека Џобширшир Корир од Кенија ги освоија првите места во машка и женска конкуренција на 29 -от Охридски атлетски маратон. Маратонците од Кенија за прв пат се  во Македонија и на  традиционалниот  Охридски атлетски маратон, а се задоволни од резулататите од трката иод патеката.

maraton„Јас очекував да победам. Во добра кондиција сум и се  надевав на успех“,кажа Кибет.

„ Очекував победа, немаше проблеми и се беше во ред“, истакна и Џобширшир Корир

Во машка конкуренција на  втората пзоиција се најде  унгарецот Тамаш Наѓи, а со бронза се закити србинот Саша Столиќ. 30 км патека на Охридскиот атлетски маратон Ребека Шобширшир Корир патеката ја истрача за  1 : 48: 12 секунди и со 7 мин подоброто време  го сруши досегашниот  рекорд на србинката Ана Суботиќ, која се пласира на втрото  место. Благица Јованова од Македонија  го зазеде третото место. Таа само пред два дена трчала на маратон во Котор, а  прв пат е на Охридскиот маратон.   

„ Уживав во целата трка посебно во 25 км. Патеката беше прекрасна. Имав убаво темпо и добар ритам , беше прекрасно“, рече Јованова.

Охридскиот маратононец Славко Симоноски е учесник на  маратонската  патека од Св. Наум до Охрид по 17 пати. Задоволен е од тоа што успеал да го стигне рекордот на патеката со најмногу истрчани маратони. Заедно со стуженацот Славко Костоски се носители на овој рекорд, посочува Симоноски.

maraton„ Патеката е тешка и предизвикувачка. Маратонот е едно самонадминување. Натпреварот беше во тешка конкуренција збогатен со интернационалци, но смогнав сили да се натпреварувам и самонадминам  и да стигнам на целата. Секој што успеа да ја премине целта е победник на овој маратон“, вели Симоноски.   

Претседателот на организациониот одбор Пецо Неданов е задоволен од одржувањето на Охридскиот атлетски маратон.  Напоменува дека иако имало околу 80 -тина  пријавени учесници сепак  денес патеката ја трчале 65 маратонци. Во организациска смисла е задоволен  како протече маратонот, а  и од постигнатите резултати на кенијците кои беа најавени како фаворити на трката.


„ Соборен е рекордот во женска конкуренција, повеќе од  7 минути. Тоa е одлично време и за една жена тоа  е добар подвиг“, подвлекува Неданов.

За прв пат на Охридскиот атлетски маратон беа присутни и првите луѓе од Европската и Балканската атлетска федерација. Норвежанецот,  Свеин Арне Хансен  претседател на Европската атлетска асоцијација им ги врачи медалјите на најдобрите маратонци на 29 Охридски атлестки маратон.