На 28.07.2022 во 00:30 часот на улица „Јане Сандански” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги лишија од слобода П.С.(33) и И.П.(23), двајцата од Кичево.
При контрола на патнички возило „фолксваген пасат”, со кичевски регистарски ознаки, полициски службеници ги забележале лицата како исфрлаат две пакувања, кои откако биле пронајдени, констатирано е дека во нив има кокаин. Исто така, во возилото биле пронајдени уште три пакувања со кокаин. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.