Skip to main content

Китески: На следниот владин повик ќе аплицираме со проектот за искористување на Свинишки извори

Советниците на денешната седница изгласаа измени и дополнувањата на развојната и годишната програма за уредување на градежното земјиште и беше извршена алокација на средства во буџетот за 2024 година. Целта е да се предвидат средствата во буџетот и да почнат постапки за избор на изведувачи за проектите кои и беа одобрени на општината на повикот од владата за реализација на капитални проекти со државна помош. На забелешка дека се аплицирало со малу прокети кои моше сама општината да ги реализира, секлретарот одговори дека секој прокет е важен за подобрување на животот на граѓаните и додаде дека веќе на наредниот повик ќе се аплицира со проектот за искористување на Свинишките извори.
 |  Маја Савиќ  | 

На денешната седница на Совет беа изгласани измени и дополнувањата на развојната програма за уредување на градежното земјиште за 2024-2026 година, програмата за уредување на градежното земјиште за 2024 година и измена на распоредот на средства од буџетот на Општина Охрид за 2024 година. Причина за тоа се доделените финансиски средства од страна на Владата за одобрените десет инфраструктурни проекти со кои аплицираше општината и за кои веќе се потпишани договорите. Измените во програмите се потребни за да се предвидат средствата во буџетот и да почнат постапки за избор на изведувачи по однос на проектите, кажа секретарот Александар Китески.

Во однос на проектите со кои аплицираше на повикот Општина Охрид, советникот од ВМРО НП, Ванчо Костоски смета дека наместо асфалтирање на улици подобро ќе беше државната помош да се искористи за поголеми проекти кои ќе носат нова вредност, а кои сама општината не може да ги реализира ниту со два три буџети.

Мојот предлог би бил да се направи еден поголем проект како дополнување на водоснабдувањето на Општина Охрид, односно така познатите Свињишки извори со кои ќе се донесеше нова квалитетна вода за пиење, без калциум карбонат, по природен пат и на ЈП Водовод ќе му беа намалени сметките за електрична енергија. Тој проект ако се направи 30-тина година Охрид ќе нема проблем со водоснабдувањето. На истиот тој може и една до две хидроцентрали да се направат, со што ќе има дополнителни средства општината или јавното претпријатие кое ќе стопанисува со тој водовод. Не дека ова не треба да се направи, но вакви асфалтирања на улици можеа да се направат и од самиот буџет постепено, кажа Костоски.

Секретарот Китески посочи дека секој еден проект кој е за доброто на граѓаните на Охрид треба да се поддржи. Реконструкциите на улици, фекална канализација, водоводна линија, целосна промена на опремата на пумпната станица Метропол е исто многу важно за понатамошното функционирање на ЈП Водовод со што би се намалиле трошоците, истакна Китески.

Покрај овој повик кој беше сега со кој ни се одобрени околу 2 милиони евра, следната година во февруари ќе има нов јавен повик од страна на Владата каде наместо 40 евра по глава на жител ќе добиеме околу 130 евра по глава на жител во Охрид. Тоа се некаде околу 7 милиони евра за следната година. Наш план е да аплицираме со проектот за Свињишки извори. И на претходни седници на Совет го имаме споменато како проект. Пред две години направивме испитување на изворите каде се утврди дека има доволно сила и доколку се донесе таа вода и Охрид се водоснабдува од Свињишки извори околу 60% од градот би се водоснабдувал по природен тек. Тоа е нашиот план и се надевам дека на следниот повик ќе пристапиме кон реализација на тој проект.

Но, секретарот додаде дека реализацијата на проектот Свинишки извори кој би чинел од 6 до 8 милиони евра ќе се одвива во неколку фази и изрази надеж дека првата фаза ќе започне со добивање средства од државниот буџет по следниот повик на Владата во февруари.

Со искористување на Свинишките извори ќе се подобри водоснабдувањето на Охрид | Портал ТВМ