Skip to main content

Ќе ја има ли поефтината паркинг Зона Б во централното градско подрачје?

Летниот режим на сообраќај престана да важи на 1ви Септември, но на овие паркинзи сеуште се наплаќа според ценовникот за паркинзи во Зона А, односно 30 денари за час.

 |  Мишел Наумоски  | 
zona b
зона б

Охриѓани во неизвесност дали дел од паркинзите во Зона Б кои со летниот режим на сообраќај беа префрлени во поскапата Зона А ќе бидат вратени во првобитната или ќе останат во моменталната зона. Летниот режим на сообраќај заврши на 1ви Септември, но на овие паркинзи и натаму се наплаќа по ценовникот за паркинзи од Зона А, односно по 30 денари за час. Граѓаните се прашуваат кога паркинзите ќе се вратат повторно во Зона Б, каде за час паркирање се наплаќа по 20 денари.

parking zona bОд претпријатието велат дека постои можност зоните на паркирање да се вратат по старите цени, но исто така ја разгледуваат и можноста паркинзите да останат постојано по режимот кој е сега утврден, односно во централното градско подрачје, на сите паркинзи да се наплаќа по 30 денари за час. Од таму додаваат дека дефинитивната одлука за тоа кое решение ќе биде избрано ќе се знае после 15ти Септември.

Од јавното претпријатие „Билјанини извори“ ова го правдаат со тоа дека според нив неоправдано е во строгиот центар на градот да има повеќе паркинг зони. Од таму како пример ја посочуваат улицата „Македонски просветители“ која од почеток до крај се протега низ строгиот центар на Охрид, а на неа постоеја две паркинг зони, А и Б.

parkinzi leten rezimИнаку, колку за потсетување на почетокот на месец Јули со одлука на управниот одбор, ЈП „Билјанини извори“ дел од паркинзите од Зона Б ги префрли во Зона А, и наплаќаше паркинг по повисока цена. Тогаш, од претпријатието не излегоа во јавноста со објаснување за кои точно паркинзи се работи. Во писмен допис до нашиот медиум ни одговорија дека измената се однесува и ќе важи само за време на летниот режим на сообраќај. Тогаш, градските советници од опозицијата реагираа дека измени во зоните за паркирање не може да се прават без одлука на Совет, односно Зоните во градот се утврдени со одлука на совет и истите можат да се менуваат само со донесување одлука за измени на предходната одлука.

Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески пак тогаш изјави дека прашањето за промената на зоните на паркирањето во градов не го засега Советот на општината. Сега се поставува прашањето дали доколку со одлука на управен одбор на „Билјанини извори“ на 15ти Септември се реши сите паркинзи во централното градско подрачје кои до јуни беа Зона Б, сега да бидат Зона А. Дали тоа не претставува манипулација со цените за паркирање кои ги определува Советот на општина Охрид и во крајна линија тоа треба да ги засега градските избраници.

{loadposition content9}