Skip to main content

Ќе расте бројот на вработени во ОДВ Електрик

ОДВ Електрик во Охрид како браунфилд инвестиција работи со полна пареа. Од досегашните 220 вработени, бројот во наредната година ќе порасне на 1200 вработени. Исто така во првиот квартал од 2017 година ќе биде готова првата фабрика на ОДВ Електрик во индустриската развојна зона во Охрид Струга.

 |  Николоска Биљана  | 

 

На Владина седница уште од идната недела официјално ќе се формира индустриската зона Косел, најави директорот на Дирекција за ТИРЗ, Виктор Мизо. Тој кажа дека според законот за индустриски зони ќе можат да помогнат не само на компанијата Костал туку и на други потенцијални компании во комплексот на ЕМО кои ќе пројават интерес и можност да адаптираат некој од постоечките објекти. Според Мизо многу е важно што голем дел од објектите изградени во осумдесеттите години се во добра состојба, така што со мала адаптација може да бидат брзо оспособени за што побрзо да почнат со работа. При денешна посета на компаниите „ОДВ Електрик“ и „Костал“ Мизо откри уште една новина, која како што нагласи ќе биде значајна за Охрид во делот на креирање на нови работни места со технолошки развиени компании.


 „Нивните планови ќе ги надминат првично планираните 1000 вработувања, тие планираат да стигнат дооколу 1200 вработени а ние како институција ќе продолжиме да помагаме во целиот процес и истовремено сите активности се во крајна фаза за завршување на инфраструктурните активности за новата ТИРЗ да биде функционална во првиот квартал идната година
“ 

Во работна посета на ОДВ Електрик и Костал беше и вице премиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешески. Тој истакна дека политиката на Владата во делот на привлекување на инвестиции веќе ги дава своите резултати.

 „Компанијата функционира одлично не се соочуваат со никакви проблеми сите технички предизвици кои што ги имаа во првата фаза се надминати така што покажува дека и Владиниот тим се разбира и компанијата успеале да најдат заеднички јазик и брзо да дојде до операционализирање на оваа инвестиција. Политиката на Владата за привлекување на инвестиции но и за создавање на поволна бизнис клима и за странските и за домашните компании продолжува“

Инаку покрај најавата за зголемување на бројот на вработени во ОДВ Електрик, каде што во моментов од 220 вработени претежно се жени од различна возраст, за првиот квартал од 2017 година најавено е дека ќе биде готова и првата фабрика на ОДВ Електрик во индустриската развојна зона во Охрид Струга.