Ќе се менува азбестниот кров на детската градинка „Сонце“
Конечно ќе се реновира Детската градинка „Сонце“, од Струга, поточно ќе се менува азбестниот кров. Така одлучија стружани на неодамна одржаниот граѓански форум. Од 8 те предложени проекти, стружани приоритет дадоа на реализација на проектот за промена на азбестен кров на детската установа. Средствата се обезбедени од Фондацијата отворено општество, Македонија. Со тоа се решава долгогодишниот проблем со кој се соочува оваа установа.
Ќе се менува азбестниот кров на Детската градинка „Сонце“ во Струга. Оваа детска установа години наназад има голема потреба од менување на кровот бидејќи истиот прокапува и е азбестени. Сите знаеме дека азбестот е штетен по здравјето на луѓето, а докторите постојано укажуваат дека азбестот има канцерогено својство и воопшто не е здрав за децата.
Врз основа на четирите општински стратегии усвоени Советот на општина Струга и тоа од од сферата на образование, социјална заштита, млади и соработка со граѓански организации, стружани извршија приоретизација на проектот за промнена на стариот и штетен азбестен кров во детската установа Сонце. Во организација на Центарот на заедницата на Општина Струга во соработка со Општина Струга деновиве беше одржан граѓански проектен форум. Целта беше зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво а граѓаните ги проследија планираните проекти од акциските планови, вели Катерина Талевска од Центарот на заедницата. Додаде дека со зафатите за реализација на проектот ќе се отпочне наредната година, а за истиот ќе бидат вложени средства во висина од 2 400 000 денари.
Средствата се обезбедени од Фондацијата за отворено општество македонија и општина Струга. Инаку Детската градинка „Сонце“, ја посетуваат 150 деца а истата е отворена на почетокот на 70-те години на минатиот век.
{loadposition content9}