Skip to main content

Ќе се наплаќа за собирање шумски плодови

Во ЈП „Македонски шуми“ се прават подготовки за воведување на дозволи за собирање на шумски плодови.

 |  Валентина Неловска  | 
печурки
печурки

Во ЈП „Македонски шуми“ се прават подготовки за воведување на дозволи за собирање на шумски плодови. Покрај дозволите  ќе се плаќа и дневна такса. Собирачите на шумски плодови како што се смреката, печурките и лековитите билки од оваа пролет ќе мора да се пријавуваат во јавното претпријатие. Тие ќе може да заработуваат, но ќе мора и на државата да и плаќаат дел од заработката.  Тоа е најавуваниот начин државата преку јавните претпријатија да го контролира природното богатство од уништување.  ЈП  од 2009 година доби можност да изработи  проект за начин на стопанисување со другите шумски производи. По член 14 од Правилникот за начинот на користење и собирање на други шумски производи се отстапува на правни и физички лица.
vrganj
Собирачите на печурки најчесто  ги собираат вргањот и лисичарката во дабовите и буковите шуми. Доколку  теренот им е познат дневно може да соберат во просек и до 10 кг печурки. Тие понатака собраните количини ги продаваат на откупувачите на шумски плодови и печурки. Во измината сезона, вргањот во зависност од класата се откупувал по цена од 100 до 150 денари. Добрите познавачите на овие состојби велат дека сепак најголемиот профит и заработувачка ја имаат откупните станици.

Од охридското ЈП „Галичица“ подружница на „Македонски шуми“, информираат дека веќе формирале сектор за споредни шумски плодови. Чекаат понатамошни инструкции од  дирекцијата во Скопје. Напоменуваат дека  иако сеуште немаат конкретни нормативи за изготвување на ценовник,  веќе од пролетва ќе се стартува   со најавените активности.
Обидот да стапиме во контакт со директорот на Секторот за користење на шумски плодови и екологија во ЈП Македонски шуми, Панче Николов, за да дознаеме докаде е процедурата со ценовниците за добивање дозволи и плаќање дневни такси, остана безупспешен.

{loadposition content9}