Ќе се одбележат 20 години од востанување на наградата „Григор Прличев“
Охрид е подготвен да го чествува големото дело на својот поет и преродбеник Григор Прличев.
Охрид е подготвен да го чествува големото дело на својот поет и преродбеник Григор Прличев. Три дена, почнувајќи од 4 па се до 6-ти февруари, со богата културно-уметничка програма достојно ќе му се одаде почит на носителот на ловровиот венец и борецот против грчкото влијание. Во понеделник со промоцијата „ Сенки на поетичноста“ од Пандора Јовановска Илиевска ќе започнат свеченостите во рамките на манифестацијата „ Прличеви беседи“. Mанифестацијата опстојува веќе 6 децении започнувајќи од 1952 година во знак на сеќавање на најголемиот македонски преродбеник и поет од 19 век. Во вторник, беседите продолжуваат со изложба на ликовни дела од колекцијата на Центарот за култура која го носи името на преродбеникот и преставување на наградената поема за 2012 година „ Век за самување“ од Веле Смилески , на која свечена реч ќе одржи Бранко Цветкоски. Поемата за 2012 година ќе биде промовирана на 20-годишнината од востанувањето на наградата „Григор Прличев“.
Во националната установа, библиотеката „Григор Прличев“ ќе се одржи традиционалната „Прличева Визита“, а неколку македонски писатели ќе читаат поезија во чест на лауреатот.
Манифестацијата „Прличеви беседи“ се одржува во организација на Центарот за култура и националната установа , библиотеката во Охрид што го носат името на поетот, во соработка со издавачката куќа „Детска радост“ и општина Охрид, со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.
Григор Прличев пред век и половина, во 1860 година во Атина беше овенчан со Ловоров венец за поемата „Сердарот“. За неа авторот од критиката го доби називот Втор Хомер.
{loadposition content9}