Skip to main content

Ќе се подобрува протокот на колекторскиот систем

Продолжува санацијата на преостанатите критични точки кои го оптоваруваат системот. По завршување на поголемиот дел од зафатите кои завршија минатата година ќе се работи на решавање на детектираните проблеми.

 |  Валентина Неловска  | 

ЈП „Колекторски систем“ ќе продолжи со активностите за санирање на системот за одведување и прочистување на отпадните води. Во нивните програмски активности се планираат одстранување на проблемите кај Воска и препумпната станица Струга 3. За санација на колекторскиот систем се побарани 2 милиони евра средства од државниот буџет, информира Владимир Алексијоски, директор на ЈП Колекторски системи.

Сакаме сега фрекфентното регулирање на колекторскиот систем да го направиме електронски, со нивометри, како ќе се подига и спушта нивото на водата да се вклучуваат или исклучуваат пумпите кои се поставени на препумпните станици. Сакаме да постигнеме да нема работа на пумпата во празен од и високи сметки за електрична енергија“.

Во нивните планови е и санација на оштетениот цевковод на препумпната станица Струга 3. Има голем оштетување на цевководот од струшкиот дел од западниот колектор во кој влегува вода од реката Црн Дрим. Исто така, и понтаму е проблем мешањето на атмосферските води со фекалната канализација во Охрид. За да се реши овој проблем има интерес од општина Охрид, најавува Владимир Алексијоски.

Најбрзо и најинтервенто ќе се реагира на оние делови од влезот на атмосферската вода која може да се пренасочи, која е чиста атмосферска вода. Заеднички став е дека општина Охрид , а верувам и општина Струга, ќе направат проект за одделување на атмосферските води од фекалните, која согласно квалитетот на водата ќе може да влезе во Охридското езеро, а да не го преоптовари колекторскиот систем и претпријатието со високи сметки за електрична енергија“.

Во програмските активности на Колекторски систем им е зацртано и решавање на проблемот на потегот од Грашница и Воска каде што со снимањето се откриени оштетувања на цевководите, напластени слоеви талог во цевководите , а има и мешање на атмосферската и фекалната канализација.