Ќе се поставуваат мобилни тоалети, а од цврста градба до година
Стариот проблем со недостаток на јавни тоалети, градот и оваа сезона ќе го решава со поставуавње на мобилни тоалети, како и минатата.
Стариот проблем со недостаток на јавни тоалети, градот и оваа сезона ќе го решава со поставуавње на мобилни тоалети, како и минатата. Тоалети од цврста градба, можно е да има дури за идната сезона, наговестува Симон Илиески, портапролот на Локалната самоуправа.
„Локациите се утврдени, но се наоѓаат на државно земјиште и се дел од програмата која ја имаме поднесено до Министерството за транспорт и врски. Од таму сеуште нема одговор не само за јавните тоалети туку и за објектите кои влегуваат во поголемите локации како што се катните гаражи или автобуската станица“, нагласува Илиески.
Додека се чека решението за изградба на тоалетите од цврста градба, туристите кои ќе престојуваат во Охрид, ќе користат мобилни тоалети.
И годинава ќе бидат поставени 24 јавни тоалети на 6 локации. Во тек е тендерската постапка која мора да се заврши до крај на овој месец.
„ Со ново избраната фирма на тендерот ќе се направи договор за цената за одржување која ќе зависи од тоа дали тие ќе ги одржуваат тоалетите или паралелно со наше јавно претпријатие по што ќе се утврди и цената“, појаснува Илиески.
Местата на поставување ќе бидат кај Горна Порта, кај Центарот за култура, во близина на Палас, пред мостот, кај Скејт и Луна паркот, нагласува портпаролот Илиески.
Тоалетите треба да профункционираат на 10 јули, а ќе бидат поставени се до 31 август.
{loadposition content9}