Skip to main content

Ќе се реконструира патот од Ресен до Охрид преку Галичица

Оваа година ќе се реконструира патот од Ресен до Охрид преку Галичица со што ќе допринесе за развој на туризмот во овој регион, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната работна посета во општина Ресен.

 |   | 

Оваа година ќе се реконструира патот од Ресен до Охрид преку Галичица со што ќе допринесе за развој на туризмот во овој регион, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при посетата на Општина Ресен.

Патниот правец Ресен Охрид преку националниот парк Галичица не е прооден за сообраќај во зимските месеци од 15 Ноемрви до 30 Март. Сообраќајот се одвива до месноста Корита, но само од охридската страна. Во исто време, ЈП за државни патишта проектира и обиколница околу Ресен со која ќе се растерети сообраќајот од тешки товарни возила кои минуваат низ градот.