Skip to main content

Ќе се санираат потпорните ѕидови во стариот дел на градот

На патот кој води према Горна порта секојдневно има одрони од камења. Возачите реагираат бидејќи е загрозена нивната безбедност. Од Локалната велат дека со програмата имаат предвидено доизградба на потпорниот ѕид и санација на останатите кои се оштетени.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Возачи внимателно кога возите по улицата која води кон Горна порта. Поради влажната зима, обилните врнежи на снег и дожд, секојдневно на овој дел од патот има одрони од камења. Граѓаните велат дека со тоа се загрозува безбедноста на возачите бидејќи коловозот е тесен и доколку се избегнат одроните може да дојде до судир со возило кое доаѓа од другата страна. Бараат од Локалната да направат потпорен ѕид кој ќе ги спречи одроните. Минатата година беше направен еден дел од потпорниот ѕид токму на овој дел од патот, но не беше дозавршен поради немање доволно средства. Оваа година Локалната увидувајќи ја неопходноста од ваков зафат издвоила пари за таа намена.

Имаме предвидено во програмата, во моментов ја подготвуваме тендерската докментација, за брзо време ќе биде објавен тендер и по завршувањето на постапката веднаш ќе започниме со санација поготово во стариот дел на градот, велиТоме Нанески- Одделение за комунален развој, сообраќај и патишта.


Инаку неодамна општината го санира и потпорниот ѕид во непосредна близина на ОУ Св. Климент Охридски кој беше разрушен и преставуваше опасност за минувачите, а најмногу за учениците кои тука ги минуваат своите одмори меѓу часовите.
Беше доста оштетен, таму знаете дека се работи за училиште, многу деца, постоеше опасност некое дете да се повреди и затоа вршиме санација и на тој ѕид, вели Наневски.

Од Одделение за комунален развој, сообраќај и патишта велат дека пролетва ќе интервенираат и на други потпорни ѕидови во стариот дел на градот.