Skip to main content

Ќе се урива ресторанот и дискотеката „Парк“ и на негово место ќе се гради нов хотел

Според одобрението за градба од 2018, инвеститорот, градежната фирма „Ремис“, ќе гради хотелски комплекс од приземје три ката и поткровје на 4.525 метри квадратни. Градоначалникот Георгиевски вели дека инвеститорот има парвосилно одобрение за градба и Општината нема правен основ да интервенира ретроградно во одобрение кое предходело на Планот за управување со Охридскиот Регион.

 |  Соња Рилковска  | 



Ќе се гради хотел на местото на поранешниот ресторан и  дискотеката.   „Парк“  според урбанистичката планска документација од 2009 година на локацијата предвиден е хотелско угостителски капацитет, а правосилно   одобрение  за градба сопственикот  на  фирмата Ремис од Охрид  го добил во јули 2018 година.
Објектот ќе се гради на 40 % од  градежната парцела  со обем од 9 748 м2  согласно важечките законски прописи  П плус 3 ката плус потрковје.
„Правосилно одобрение за градба издадено во 2018 година, а Планот за управување е донесен во февруари 2020 година и не може да  постапуваме на правосилни одобренија кои што се издадени соогласно позитивните тогашни законски  прописи“, вели Георгиески.

Градоначалникот на Охрид,  Константин Георгиески тврди дека оддалеченоста на објектот е 50 метри од езерскиот брег.

„Тој потег согласно Планот за управување се наоѓа во трета Д зона таму каде што нема Урбанистички план дозволено е градба на 40% и приземје и три ката и согласно Планот за упрваување е . Е сега согласно ЛУПД има плус потрковје но ние немаме никаков правен основ да интеревенираме во одобрение на проект пред носење на Планот за управување“  , вели Константин  Георгиески градоначалник на Охрид.

Подготвителните работи за  изградбата на хотелскиот објект ги разлути екологистите и активистите, кои бурно реагираа на социјалните  мрежи.

-Со години сме сведоци на забрзана урбанизација и деградација на градот Охрид, како и уништување на крајбрежјето на Охридското Езеро од страна на локални шерифи, кои сметаат дека урбаните, природните и културните наследства се предмет за корупција и нивен личен профит, коментираат граѓаните.

Очекуваме притисок од јавноста, реакции, притисок од медиумите, да се истражи што навистина се случува. Дали некој е привилегиран, над законот, или важат за нив специјални услови, кои се во спротивност со наводните заложби на македонските институции за исполнување на препораките на UNESCO?, пишуваат екологистите од Охрид.