Skip to main content

Ќеса со бела прашкаста материја пронајдена во угостителски објект во Охрид

Во периодот од 02:30 до 04:30 часот, полициски службеници од СВР Охрид во содејство со Единицата за брзо распоредување, по добиена судска наредба, ноќеска извршиле претрес во угостителски објект и помошни простории на булевар „Туристичка“ во Охрид.

 |   | 
Полиција

На стојалиштето од катот била пронајдена и одземена ќеса со бела прашкаста материја. По расчистување и документирање на случајот ќе следува поднесок – информираат од СВР Охрид.