Класен чес на Билјанините извори
Генерацијата матуранти од средното геолошко училиште во Пробиштип кои завршиле во далечната 1973 год., својот класен час го одржаа на Билјанините извори.
Класен чес на Билјанините извори. Генерацијата матуранти од средното геолошко училиште во Пробиштип кои завршиле во далечната 1973 год. својот 40 годишен јубилеј го одбележуваат во Охрид. Идеата за ваквата прослава е на нивниот соученик Ванчо Чифлиганец, кој вели дека шест јубилеи славеле во Пробиштип, но овој седмиот ќе го прослават во Охрид затоа што тој е вљубеник во градов и тоа негово чувство сака да го сподели со неговите соученици.
Охрид е нашиот Ерусалим, тој е град со душа, посебен е. Сакав таа магија да ја почувствуваат и моите соученици и заедно да ја споделиме, рече Ванчо Чифлиганец.
Од 87-те матуранти кои завршиле во средното геолошко училиште во Пробиштип во 1973год. на заедничката средба во Охрид пристигнаа 55 и тоа од најразлични градови од државава, а неколку дошле и од Белград. Меѓу нив има инжињери, лекари, професори, па дури и актери.
Страшко Милошевски, вели дека ваквите средби се неповторливи и изрази огромна благодарност кон својот соученик, Чифлиганец кој им го овозможил ова дружење.
Дружбата помеѓу некогашните соученици ќе трае два дена. Тие велат дека со текот на годините не бледее нивната блискост туку станува уште посилна па чувствуваат како да се едно големо семејство. И ден денес ако треба си помагаат меѓусебно. Им порачуваат на младите генерации да го негуваат другарството и пријателството затоа што само на таков начин човек може да биде успешен во животот. Овај нивни пример за прославување на матурските јубилеи токму во Охрид се надеваат дека ќе прерасне во традиција и тоа не само за нивната генерации туку и за други генерации кои доаѓаат по нив.
{loadposition content9}