Skip to main content

Клековски: Болницата Св. Стефан во Охрид е пример како со стручност и посветеност се постигнуваат големи резултати во ограничени услови

Благодарение на посветениот персонал – кардиолози, интервентни специјалисти и целиот тим – постигнуваат одлични резултати!- вели Клековски.
 |  инфодеск  | 

Високо стручно и професионално ниво на функционирање во многу предизвикувачки услови во Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања „Св. Стефан“, ова е впечатокот на првиот човек на ФЗОМ, Сашо Клековски при посетата на болницата.

Зошто во многу предизвикувачки услови? Стариот објект потекнува од синдикално одмаралиште, што не одговара на модерните болнички стандарди, а опремата е ограничена (на пр. само еден ангиограф). Сепак, благодарение на посветениот персонал – кардиолози, интервентни специјалисти и целиот тим – постигнуваат одлични резултати!– вели Клековски.

Додава дека во последните години има позитивни чекори: набавка на нови апарат, енергетска ефикасност и реконструкција на делови од објектот.

Тоа покажува дека со поддршка може да се оди уште подалеку. Ова е одличен пример како со човечки фактор, стручност и посветеност може да се постигнат големи работи дури и во ограничени услови, вели Клековски.

Тој изрази јавна благодарност на раководството, сите доктори, медицински сестри и персонал за нивната посветеност.