Skip to main content

ЦРВЕН КРСТ

Клубот на млади на Црвен крст организира ораторска вечер

Волонтерите на Клубот на млади на Црвен крст Охрид во четврток (6.6.2024) во 19:30 организираат ораторска вечер во Shilla – coffee & bar
 |  инфодеск  | 

По повод Светскиот ден и Неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина кои се одбележуваа минатиот месец, волонтерите на Клубот на млади на Црвен крст Охрид организираат ораторска вечер, информираат од здружението на Црвен Крст. Настанот ќе се одржи во четврток (6.6.2024) со почеток во 19:30 во Shilla – coffee & bar.

Од таму потенцираат дека сите волонтери и млади лица кои имаат желба да напишат дело во кое што ќе ја изразат својата желба, искуство или мотивација за волонтирање можат да учествуваат во акцијата.

Сите заинтересирани за учество можат да се пријават до среда со испраќање на делото со кое сакаат да се претстават на профилите на Црвен крст Охрид, велат од здружението.