По повод одбележување на Меѓународниот ден на млади на 12.08.2024 (понеделник) Клубот на млади при Црвен Крст Охрид организира отворен ден на градскиот плоштад со почеток од 19:00ч со наслов „ОД МЛАДИ ЗА МЛАДИ“, коj ќе е составен од штанд на Клуб на млади, ментално здравје, прва помош и спасители на вода.
Настанот е со цел промоција на Црвениот крст, мотивација на волонтери и регрутација на нови волонтери, велат од Црвен Крст Охрид.