Црвен Крст Охрид
Клубот на млади при Црвен Крст Охрид организира Отворен ден
Настанот е со цел промоција на Црвениот крст, мотивација на волонтери и регрутација на нови волонтери.

По повод одбележување на Меѓународниот ден на млади на 12.08.2024 (понеделник) Клубот на млади при Црвен Крст Охрид организира отворен ден на градскиот плоштад со почеток од 19:00ч со наслов „ОД МЛАДИ ЗА МЛАДИ“, коj ќе е составен од штанд на Клуб на млади, ментално здравје, прва помош и спасители на вода.
Настанот е со цел промоција на Црвениот крст, мотивација на волонтери и регрутација на нови волонтери, велат од Црвен Крст Охрид.




