Клуч на врата за 15 златари во Охрид и Струга
Клуч на врата за 15 златари во Охрид и Струга. Поради неиздавање на фискални сметки, златарите не само што ќе бидат затворени 15 дена, туку на истите изречени им се парични казни од 3250 евра, а исто така одземени биле 4 килограми злато од струшките златари и накит од 500 грама од охридските.
![zlatо](https://tvm.mk/wp-admin/admin-ajax.php?action=kernel&p=image&src=%7B%22file%22%3A%22wp-content%2Fuploads%2F2014%2F10%2Fohrid_2014_oktomvri_zlatara-_thumb.jpg%22%2C%22thumbnail%22%3A%221200%2C%2C%22%7D&hash=d8e06b66)
Петнаесет дена клуч на врата за седум златари во Охрид, осум во Струга, а затворена е и една бетонска база. Полициски службеници, инспектори од УЈП и Републичкиот пазарен инспекторат, во текот на вчерашниот ден извршиле контрола на овие правни субјекти и констатирале низа прекршоци по Законот за регистрирање на готовински плаќања, Законот за платен промет и Законот за трговија.
„Во рамките на акцијата, на деловните субјекти поради неиздавање на фискални сметки изречени им се парични глоби во висина од 3250 евра како и затрварање на деловниот субјект од 15 дена. Инаку на одговорното лице на правниот субјект за бетонска база во Охрид покрај оваа казна изречена му е парична казна од 750 евра“ – изјави портпаролот на СВР, Стефан Димовски.
Тој нагласи дека секаде каде што има нелегални активности и непочитување на законскта легислатива во земјава, СВР самостојно, но и во содејство со останатите субјекти како што се УЈП, пазарната инспекција и со другите релевантни институции ќе продолжи во сузбивањето на сите видови криминал.
{loadposition conent9}