Skip to main content

Книга на жалост отворена на охридскиот плоштад

Младинската и Ученичките заедници од Охрид поставија Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани.
 |  инфодеск  | 

Денеска, на охридскиот плоштад од страна на Младинската и Ученичките заедници во Охрид беше отворена Книга на жалост за загинатите во страотната несреќа во Кочани. И денеска граѓаните палеа свеќи на градскиот плоштад во чест на починатите во ужасната трагедија.

Претходно, средношколците со мирен марш во вторникот им оддадоја почит на нивните врсници кои ги загубија своите животи при пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.