Skip to main content

Книгата “Извештаи на рисот“ е нов проект на поетот Славе Ѓорго Димоски и сликарот Сергеј Андреески

Книгата “Извештаи на рисот“  е нов проект на поетот Славе Ѓорго Димоски и сликарот Сергеј Андреески. Станува збор за коавторски проект, збирка од поезија и слики со метафоричко-алегориски однос кон актуелните  случувања на македонците.  

 |  Валентина Неловска  | 

  

Збирката поезија „Извештаи на рисот“ е нов коавторски проект на поетот Славе Ѓорго Димоски и сликарот Сергеј Андреески. Двајцата македонски уметници, секој врвен во својата област, во нашето кутурно милје донесоа оригинална и уметничка симбиоза, проект составен од песни на поетот и цртежи на сликарот. Пораката на стихозбирката „Извештаи на рисот“ е содржана во самиот наслов, посочува Славе Ѓорго Димоски, најпреведуваниот и најнаградуваниот македонски поет.

„ Има 2 именки кои една на друга си противречат. Едната е извештаи, множина и рисот. Едната има полициска конотација, од разни државни служби, а рисот е животинче од нашите планини, симбол на индивидуалноста, на слободата и на дивиот порив, но кој исчезнува или веќе е исчезнат. Шифрата за насловот е она што денес ни се случува со Македонците. Преку разни извештаи од европски или воневропски институции, земји, нашата земја полека исчезнува“, вели поетот Славе Ѓорго Димоски.

Книгата на 44 страници содржи дваесеттина песни од Димоски и исто толку цртежи од Андреевски, распоредени во неколку циклуси.

„Илустрациите на Сергеј не се само илустрации за песните, туку настануваа заедно со книгата. За секоја песна имаше информација, стих, конкретна песна, истовремено работевме на поедини цртежи кои се поместени во книгата“, напоменува Славе Ѓорго Димоски.

Сликите и поезијата се пандан на една тема која се изроди во последните 6-7 години.Во  „Извештаи на рисот“ иако има малку песни книгата е создавана подог временски период, нагласува поетот Славе Ѓорго Димоски.