Нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на Годишната програма за работа од понеделникот (3 јули) започна да го спроведува завршниот десетдневен дел од Проектот: „Книгата најдобар другар на децата“.
Со помош на педагози и наставници од Општинските основни училишта: „Св. Климент Охридски“, „Братство – Единство“ и „Григор Прличев“ одбрани се дваесеттина деца кои од септември ќе бидат во петто одделение. Тие во Библиотеката и надвор од неа заедно со вработените се дружат и запознаваат и со нивна помош ќе навлезат во светот на книгата, токму на нејзиниот извор – Библиотеката.
„Ние како НУ-библиотека ,,Григор Прличев’’ имаме задача да ја доближиме библиотеката до децата кои се нашата иднина, да им помогнеме да ја засакаат книгата која може да биде нивен најдобар другар.“ – велат од градската библиотека.
Предмет на проектот се едукативни книги (енциклопедии), книги со висококвалитетна содржина и привлечни слики. Целта на проектот е доближување и имплементација на книгата како извор на информација со која децата можат да се здобијат со знаења од областа на науката, техниката, астрономијата, природата и слично.
За време на часовите децата ќе може да го искористат својот талент за пишување и цртање. Овој проект е одобрен од министерството за култура на Република Северна Македонија.
А колку е забавно и инспиративно на часовите најдобра илустрација се фотографиите.