Skip to main content

Книгата „Петар Чаулев- син на ВМРО“ промовирана пред охридската јавност

Книгата „Петар Чаулев- син на ВМРО“ од доцент д-р Никола Митровиќ- Бабе, промовирана пред охридската јавност. Ова е едно од првичните дела за Петар Чаулев и во кое има многу податоци и факти кои ќе им бидат од корист на историчарите.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Промовирана книгата „Петар Чаулев- син на ВМРО“ од доц. д-р Никола Митровиќ- Бабе. Ова дело се заснова врз револуционерниот пат на охридскиот војвода Петар Чаулев кој заедно со Александар Протогеров и Тодор Александров бил дел од ЦК на ВМРО и една од централните фигури во македонското револуционерно движење. Прикажани се различни историски премрежја од тој период, како и начинот со кој Петар Чаулев се справувал со револуционерните предизвици.


Ова е доста значајно дело и за историчарите и за обичните граѓани бидејќи ова е едно од првичните дела за Петар Чаулев кое воопшто е напишано, а за охриѓани и за сите македонци значи многу, бидејќи во него има многу податоци. Во книгата можат да ги сретнат имињата на своите предци  и многу факти кои досега воопшто не се објавувани. Тоа ќе придонесе идните генерации уште повеќе да му дадат значење на ликот и делото на Петар Чаулев, вели Митровиќ.


Промоцијата се одржа вчера на 92 годишнината од убиството на Петар Чаулев во Милано, Италија. Ова е добра пригода за традиционално да се одбележува овој ден, а ликот и делото на Чаулев повеќе да бидат пропагирани и во охридската и во македонската историја, вели Митровиќ. Ова дело авторот го подготвувал пет години, а му помогнале негови колеги, историчари.


Еминентни личности како што е Павле Митрески од Охрид, Виолета Ачкоска, Катерина Тодоровска, проф. д-р Теон Џинго. Лица кои многу значат во македонската историја. Оваа книга е посветена на проф. д-р Зоран Тодоровски кој почина пред неколку години, а кој беше директор на Државниот архив на Македонија и беше мој ментор кој ме поттикна да го напишам ова дело, вели Митровиќ.


Книгата од понеделник ќе биде пуштена во продажба низ охридските книжарници, а ќе ја има и во музејот на град Охрид. Таа првично е испечатена во 300 примероци, а доколку има интерес ќе има и нови реизданија.