Skip to main content

Проект

Книгата поблиску до старите лица

НУ Библиотека „Григор Прличев“ и Црвен крст Охрид започнаа со проектот „Книгата поблиску до старите лица“.
 |  инфодеск  | 
Пензионери

Во рамките на одбележувањето на Неделата на грижа за стари лица во посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид беа членови на координативното и оперативното тело на програмата Грижа за стари лица „Најди време“ од Црвен крст – Охрид.

Во пријатен и срдечен амбиент вработените во Библиотеката и претставниците на Црвениот крст ги договорија конкретните активности за веќе отпочнатиот заеднички пилот – проект со наслов „Книгата поблиску до старите лица“.

Пензионери

Според зборовите на директорот на Библиотеката м-р Милчо Јованоски и Горка Донеска координaторката на проектот „Грижа за стари лица“ во наредниве три месеци лицата кои од разни причини не можат да дојдат да земат книга во Библиотеката, а сакаат да читаат, ќе бидат бесплатно зачленети. Книгите од Библиотеката до нивниот дом и назад преку проектот ќе им ги дистрибуираат младите волонтери од Црвен крст – Охрид.

На средбата сите присутни ја поздравија оваа благородна идеја и сега останува таа да се реализира во пракса. Доколку се покаже успешна, а нема сомнеж дека нема да биде така, Библиотеката и Црвен крст ќе подготоват подолгорочен проект кој ќе биде претставен пред меѓународни и домашни донатори, информираат од НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид.