Нашиот патрон Григор Прличев пред 162 години на 25 март 1860 година во Атина, за поемата „Сердарот“ добил ловоров венец.
Неговата поема била прогласена за најдобра, а жирито и критиката го нарекле Втор Хомер.
Утре точно напладне во НУ Библиотека „Григор Прличев“ по тој повод ќе се одржи книжевен портрет посветен на проф. д-р Димитар Пандев.
Тој е минатогодишен добитник на наградата „Димитар Митрев“ за најдобра критичко-есеистичка книга во 2021 за делото „Времето на Конески“ („Панили“, Скопје).
Пандев ќе биде прогласен за почесен член на Библиотеката.
За неговиот живот и творештво се очекува да говорат поетот Славе Ѓорѓо Димоски, професор Татјана Дурнева и Милчо Јованоски. Извадоци од неговите дела ќе чита средношколката Ана Бачиќ.