Станкоски: ДПМНЕ го распродаде Охрид, на фирми блиски до партијата
Станкоски: ДПМНЕ го распродаде Охрид, на фирми блиски до партијата
ДПМНЕ го распродаде Охрид, на фирми блиски до партијата, по цена која нема скоро никаква вредност, обвини на денешната прес конференција , Јоне Станковски, Претседател на општинскиот изборен штаб на Коалицијата „ВМРО за Македонија“. Доколку коалицијата „ВМРО за Македонија“ ја добие власта продажба на земјиште по пазарната вредност, еднаквост на сите фирми без фаворизирање, без нелојална конкуренција и важење на законите за сите, ветуваат од Коалицијата „ВМРО за Македонија“. Нашата коалиција, веднаш по изборите ќе започне ревизија за тоа на каков начин е отуѓено и распродадено земјиштето во Охрид, кажа Станковски.
„ Колку за потсетување, ВМРО – ДПМНЕ ја затвори специјалната детска болница, единствена во регионот, и со експресна одлука на Совет заедно со сегашните коалициони партнери донесоа нов урбанистички план со кој на тоа место требаше да никни луксузен хотел. Охриѓани, нормално, се уште ја чекаат изградбата на хотелот.
Исто така, ВМРО – ДПМНЕ го продаде ридот кај месноста Горица или едно од најатрактивните подрачја во охридската околина. Своевремено, челниците на ДПМНЕ им ветуваа на граѓаните дека тука за многу скоро ќе се изгради луксузен хотел од ланецот „Хилтон“, но за жал и тоа беше едно празно ветување на партијата.
Илјадници квадратни метри продадени за неколку илјади евра на фирми блиски на ДПМНЕ или колку што денес чини некое полуксузно возило. Земјиштето кај автобуската станица е само едно од распродажбите на ДПМНЕ, која, врегајќи ја интелегенцијата на охриѓани, токму во изборната кампања наводно започна со градба.
Исто така, отуѓено е земјиштето за пензионерски дом, кој никаде го нема. ДПМНЕ продаде 18.000 метри квадратни кај каналот „Студенчишта“ за едно евро по метар квадратен, чија пазарна вредност реално изнесува 8 милиони евра. И за тоа ВМРО – ДПМНЕ заедно со СДСМ донесе урбанистички план за хотел, кој, нормално и него го нема“кажа Станкоски.