Skip to main content

Кои од охридските плажи ќе добијат нови концесионери

Кои од охридските плажи ќе добијат нови концесионери? За сите закупци на кои им завршија договорите во 2017та год. ќе има ново наддавање на кое можат да учествуваат и тие, но можат да се пријават и нови заинтересирани. Со плажата ќе стопанисува оној кој ќе понуди највисока цена на наддавањето.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Дел од охридските плажи ќе добијат нови концесионери, а дел ќе останат кај истите. За сите закупци на кои им завршија договорите во 2017та год. ќе има ново наддавање на кое можат да учествуваат и тие, но можат да се пријават и нови заинтересирани. Со плажата ќе стопанисува оној кој ќе понуди највисока цена на наддавањето.

Сите оние на кои им се завршени договорите во 2017 год. се дел од оваа одлука и согласно законските прописи ќе бидат понудени на јавно наддавање. Со уредба на Влада од 2016та година е регулирана цената според која закупците на плажите и плаќаат на општината. Почетната цена на тие плажи кои што веќе биле издадени останува иста. А новите плажи кои ќе се издаваат преку јавно наддавање се со почетна цена од законскиот минимум, објаснува координаторот на советничката група на СДСМ, Константин Георгиески.

Под концесија ќе бидат дадени и некои плажи кои досега не беа. Ингеренциите за стопанисување со плажите од државно на локално ниво беа пренесени уште во 2017 година. Претходната локалана самоуправа имала должност и обврска истоите да ги спроведе во пракса, но тоа не било направено. Затоа оваа локална власт сака да го исправи пропустот од минатото. Јавноста најмногу е заинтересирана околу управувањето со плажите како од економски така и од туристички аспект.

Постојат и плажи кои досега не биле давани под концесија. Сега ќе бидат дадени за прв пат на јавно наддавање па кој ќе ги земе ќе видиме понатаму. Од сето тоа ќе има ќар само општината, објаснува координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Кирил Пецаков.

Советот на општина Охрид, на вчерашната седница ја прифати предложената програма за измена и дополнување на програмата за работа во областа на располагање на градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Охрид за 2018во која спаѓаат и плажите на охридското крајбрежје.