Кој ќе го има мнозинството во советот на општина Охрид
Допрва ќе се крои мнозинството во Советот на град Охрид. Двајцата советници од Коалицијата „Заедно за Охрид“ која ја сочинуваат ДУИ, БЕСА и Алијанса за Албанците се пресудни за тоа дали СДСМ во советот ќе има стабилно мнозинство кое ќе ги аминува одлуките.
Кој ќе го има мнозинството во советот на општина Охрид? Дали функционирањето на советот ќе биде на климави нозе беа дел од прашањата од медиумите денес, на конституирањето новиот совет на општина Охрид. Советот го сочинуваат 11 советници од СДСМ и коалицијата, 10 од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата и два советника од коалициајта ДУИ, Алијанса за Албанците и БЕСА. Градоначалникот на Охрид, проф. Јован Стојановски рече дека демократски напредок е градоначалникот да работи и во средина во која го нема мнозинството на советници или со лабаво мнозинство на советници.
„Јас како градоначалник дадов свечена заклетва дека ќе бидам градоначалник на сите граѓани. Тоа значи дека СДСМ како мнозинска советничка група не значи дека ќе го има апсолутниот примат и дека сите одлуки ќе бидат донесувани во склад со сваќањата на СДСМ од која партија произлегувам јас. Сосема е демократски и добро да имаме еден балансиран совет , балансирано донесувањена одлуките за да имаме градоначалник кој што ќе работи во интересите на сите граѓани“
Ставот на советничката група и на СДСМ и на ВМРО – ДПМНЕ околу советничкото мнозинство кое во престојниот период треба да ги гласа одлуките од кои ќе зависи понатамошниот развој на општината, останува сеуште недефиниран.
„Не, во моментов немаме преговори, ние како советничка група од 10 членови на Совет од вкупно 23 советници ќе делуваме во зависност од точките на дневен ред“
„Нема да биде на климави нозе ќе биде на сигурни нозе.
Во врска со прашањето околу изборот на претседател на советот, градоначалникот Стојаноски рече дека се очекува тоа да се случи за една седмица. Градоначалникот кажа дека во тек е доекипирање на неговиот кабинет со соработници кои ќе му помагаат во неговото работење, бидејќи општина Охрид се наоѓала во сложена ситуација, со блокирана сметка, висока задолженост. Како што потенцира, Јованоски дел од неговиот кабинет ќе бидат искусни луѓе во својата професија, проверени и пред се чесни граѓани.