Кој-по што, е најмногу познат во Советот на општина Охрид?
Седниците на Советот на општина Охрид, често знаат да бидат и тоа како интересни.
Предлог одлуките по кои советниците дискутираат, додатно знаат да ја вжештат атмосферата. Советничкиот микрофон се чини најмногу го љубат координаторите на двете најголеми политички партии, Томислав Тунтев од СДСМ и Дејан Паноски од ВМРО-ДПМНЕ кои имале најмногу излагања од сите останати советници. По нив следуваат советниците Јованка Дамоска-Секуловска, Јоне Станкоски, Љубен Буџакоски, Борис Стефаноски и Величе Маркоски.
А пак срамежливи пред микрофонот се советниците Александар Попоски, Кирил Пецаков, Џемал Рахман и Љупчо Настоски. Тие, во периодот од 43та до 49та седница немале ниту едно излагање. Во истиот период Советот успеал да донесе само два заклучоци, а предлог-одлуките биле збогатени со само два амандмани.
И градоначалникот Петрески одговорил на многу прашања. 34 пати советниците го прашувале, а тој одговарал. Најљубопитен бил координаторот на СДСМ, Томислав Тунтев и советникот Ѓорѓи Танески за по нив да следат координаторот на ДПМНЕ, Дејан Паноски, советниците Виолета Мицкоска, Борис Стефаноски, Јоне Станкоски, Каролина Буџакоска, Климе Тренески, Величе Маркоски и неколку други.
Советниците Александар Попоски, Орхидеја Тасеска, Ахмет Патељ, Верица Хајба, Драган Пандески, Љупчо Настоски и Џемал Рахман не поставиле ниту едно прашање до градоначалникот .Инаку овие податоци се добиени од следењето на работата на Советот и администрацијата во однос на следење на седници на совет и водење записници како дел од проектот ,,СТАНДАРДИ ЗА ОДРЖЛИВОСТ НА ОДГОВОРНОСТА, ТРАНСПАРЕНТНОСТА И КООПЕРАТИВНОСТА НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА,,.
Истражувањето е спроведено од страна на Младинскиот совет од Охрид во периодот од Јануари до Октомври 2012 година.
{loadposition content9}