СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.И.(47) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги”.
При претрес во неговото патничко возило „ауди” на улицата „АСНОМ” во Охрид, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана и кокаин – се вели во соопштението на СВР Охрид.