Skip to main content

Дечињата од градинката Јасна Ристеска денес се засладија со колачињата од фирмата Вија Пром

Дечињата од градинката Јасна Ристеска денес се засладија со колачињата од фирмата Вија Пром. Директорката го поздрави ваквиот гест и ги охрабри и останатите фирми кои се во можност да ги израдуваат најмладите.

 |  Јаковлева Лионела  | 
градинка
gradinka

Предновогодишната еуфорија наголемо се чуствува во градинаката Јасна Ристеска. Насмеани и разиграни дечиња со нетрпение чекаат Дедо Мраз да им донесе подароци и да им ги исполни желбите.gradinka

Денес децата добија подароци и од фирмата Вија Пром која се занимава со производство на слатки и колачи и тоа наменети за странски пазар. Ова е за прв пат слатките задоволства да ги пробаат охриѓанчињата. Директорката Розе Костоска го поздрави ваквиот гест и ги охрабри и останатите фирми кои се во можност да ги израдуваат дечињата. Taa вели дека до крајов на неделава очекуваат уште една донација од Свис Лајон. Костоска потенцираше дека голема помош добиваат и од родителите. Вчера во градинката во Лескоец биле донирани теписи, играчки, материјал за работа, топки и други реквизити кои им се неопходни на децата. Сето тоа изнесувало околу 25000 денари, а акцијата е спроведена преку здружението Спасовден од Лескоец. Дел од реквизитите биле дадени во градинката во Велгошти.

{loadposition content9}