Како што најави ТВМ пред 6 месеци, дека на јавноста ќе и презентира информација колкави трансфери и кон кои медиуми исплаќаат Локалната самоуправа од Охрид и Јавните претпријатија, денеска ги сумира податоците за првото тромесечие од годинава. Податоците редакцијата ги обезбеди според Законот за пристап до информации од јавен карактер.
Од анализата на добиените податоците, може да се согледа дека во првиот квартал од годинава, вкупно кон медиуми исплатени се близу 1.350.000,00 денари, односно безмалку 22.000 евра.
Општината и јавните претпријатија, информациите од нивното работење кои се од интерес на јавноста, ги пласирале до граѓаните преку 15 медиуми.
Од сите правни субјекти сопственици на медиуми, според сумите кои ги добиле, отскокнуваат:
- Ohridsky.com ( СОС Балканмедиа, СОС Блакника, Балкан Медиа СКАЈ ДООЕЛ) со 342.200,00 денари
- Оhrid1.com (Мегастар продукција ДООЕЛ, ЛТ Трејд ДОО) со 298.300,00 денари
- ohridnews.com (НИМО ДОО) – 141.600,00 денари
- Portal tvm.mk– 130.800,00 денари
Според тоа каде завршиле најголем дел од средствата од општинскиот буџе, наменети за информирање на јавноста преку медиуми, може да се заклучи дека и новата локална власт ги преферирала истите медиуми како и претходната. Некои медиуми пак, воопшто не фигурираат на листата, но се појавуваат и 3 нови.
Доколку се земе во предвид вкупниот износ на средства кои минатата гарнитура на власт во Охрид ги исплатила кон медиуми за четири години и се поделат за да се добие сумата за еден квартал, споредбата во трошењето на оваа и претходната власт ќе покаже дека актуелната локална власт потрошила повеќе пари.
Инаку, Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков мандатот го започна со објавување на фрапантни податоци за задолженоста на Општина Охрид, при што, меѓудругото, посочи дека не се за занемарување средствата кои минатата локална ги исплаќала на невладини организации и медиуми.
ТВМ ќе продолжи со објавување на овие информации, за што веќе побара податоци од сите ЈП во Охрид, како и од Локалната самоуправа, за вториот квартал од 2022г за трансферите кон медиумите, надополнети со податоци и за тоа какви и колку медиумски услуги се извршени.