Skip to main content

Комисијата за заразни болести бара продолжување на вонредната состојба

Предлогот треба да се разгледа на утрешниот состанок на Советот за безбедност.

 |   | 

Предлогот треба да се разгледа на утрешниот состанок на Советот за безбедност. Од Комисијата потребата за продолжување на вонредната состојба ја првдаат со тоа дека дел од мерките и рестрикциите  кои ги предложуваат важат во вонредна состојба и е важно да бидат и понатаму на сила. Вонредната состојба што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски на 16ти април, истекува во сабота. На 18 март беше прогласена првата вонредна состојба на територија на цела држава во траење од 30 дена. Потоа, Претседателот ја продолжи за дополнителни 30 дена.