Skip to main content

Комисијата за заштита на Охридскиот регион почна со работа во нов состав

 Од комисијата беа разрешени тројца  членови.  Од НУ  Завод и музеј Охрид е именуван  архитектот Горан Патчев на местото на неговата  колешка Елеонора Новакоска. Комисијата  е над  сите установи и локални самоуправи,  ќе заземаме став и за актуелни проблеми и ќе бидеме поактивни во следниов период со наши ставови, вели Патчев.

 |  Валентина Неловска  | 

Комисијата за заштита на Охридскиот регион почна со работа во нов состав. Неодамна од комисијата беа отповикани и беа назначени нови членови. Во новиот состав на комисијата е назначен архитектот, м-р Горан Патчев. Даниела Неделковиќ, директор на НУ Завод за заштита на спомениците и музеј, информира за околностите кои дошле до измена на составот на Комисијата.

„По самоиницијативното поднесено барање за престанок на работен однос од страна на архитект Елеонора Новакоска и немањето кворум за работа во Комисијата на Унеско како нов член од НУ Завод за заштита на спомениците и музеј е назначен архитектот,  м-р Горан Патчев кој работи на проблеметиката со Унеско во Охрид и регионот“. 

Архитектот Горан Патчев, за своето членство во комисијата вели дека ќе даде свој придонес во работата со своето знаење и професионалност во заштита на регионот. Комисијата ја гледа како допонителна супервизија на сите дејствија што се одвиваат во Охридскиот регион во урабанистичката сфера, планирањето и другите работи, за кои вели ќе може тој и останите членови да даваат свое мислење и предупредување.

„Комисијата ја гледам како можност за спроведување на законот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион и како помош на граѓаните и Локалните самоуправи во регионот за спроведување на развојот и баланс со заштита на културното наследство. Сега е подобро бидејќи има план за управување со културното наследство каде се регулирани зони на заштита, за кои има мерки и мора да се почитуваат во идната планска документација и да се ревидираат постоечките планови во однос на планот за управување и мерките на заштита“.

Досега постоечкиот Закон за заштита на старото градско јадро не ги даде очекуваните ефекти за да се заштити од девастација градот со градбите на Плаошник и Али пашината џамија, но и други градби кои го доведоа под знак прашање статусот на Охрид и регионот под заштита на Унеско. На прашањето колку е задоволен како досега се штитеше културното наследство на Охрид, Патчев вели дека не може да биде задоволен. Тоа незадовоство трае со години, но како стручњак во таа област дал свое знаење, стручност и професионализам. Сега вели, со новите законски измени обврска е мислењето на комисијата да се вгради во идните плански документи, вели Патчев.

„Подобро е да се има било каков план отколку никаков, тој е обврзувачи и ќе ги видиме во иднина недостатоците. На секои 5 години може да претрпи ревизија.“

На прашањето дали чувствува конфликт на интереси поради неговиот потпис на проектот за Али пашината џамија, која се смета за едно од најголемите нарушувања на културното наследство, наспроти сегашното негово членување во Комисијта за заштита на охридскиот регион во Унеско, Патчев со одговор. 

„Во однос на џамијата ние како Завод и музеј си имавме став, тоа што имаше притисоци од страна, тоа се работи кои допрва ќе се разрешуваат“. 

Јас делувам во рамките на мојата установа и ја обавувам службената должност. Досега пропустите беа повеќеслојни и од легислативата, законите, инвеститори и самите граѓаните, за свесноста за вредностите на регионот. Многу мислат дека само Охрид е заштитен под Унеско, но регионот е поголем и зафаќа три Македонски општини и Р. Албанија, како прекугранична страна со мешовито природно и културно наследство, со што обврската во Комисијата е поголема, напоменува архитект, м-р Горан Патчев.