Skip to main content

Собраниска прес служба

Комитетот за односи меѓу заедниците во работна посета на Општина Охрид

Посетата е со цел реализација на Програмата за работа на Комитетот за 2023 година за соработка со комисиите за односи меѓу заедниците на локално ниво.
 |  инфодеск  | 
Комисија

Комитетот за односи меѓу заедниците ќе престојува во работна посета на Општина Oхрид, каде ќе се сретнат со градоначалникот Кирил Пецаков, претседателот на Советот и советниците на општината.

Како што информираат од собраниската прес-служба, посетата е со цел реализација на Програмата за работа на Комитетот за 2023 година за соработка со комисиите за односи меѓу заедниците на локално ниво.

Комитетот за односи меѓу заедниците се грижи за функционирањето за комисиите за односи меѓу заедниците на локално ниво и презема мерки за подобрување на нивното работење и координација со Комитетот – посочуваат од Собранието.