Skip to main content

Комплетна еколошка документација до крај на овој месец

Рокот за обезбедување на А и Б интегрираните еколошки дозволи за фирмите важи до крајот на март. Од 1-ви април инспекторите на увид ќе ја бараат комплетната еколошка документација, а оние фирми кои нема да ги имаат интегрираните еколошки дозволи ќе се соочат со дебели казни, а можеби и со клуч на врата.

 |  Голабовски Крсте  | 
fabrika
фабрика

fabrikaРокот за обезбедување на А и Б интегрираните еколошки дозволи за фирмите важи до крајот на март. Од 1-ви април инспекторите на увид ќе ја бараат комплетната еколошка документација, а оние фирми кои нема да ги имаат интегрираните еколошки дозволи ќе се соочат со дебели казни, а можеби и со клуч на врата.

Но оние кои немаат комплетна еколошка документација имаат се уште време до крајот на месецот да ја завршат процедурата, ако не сакаат да се соочат со законските санкции.

Интегрираното спречување и контрола на загадувањето (ИСКЗ) претставува систем кој е наменет за големите индустриски капацитети, а неговата цел е да се намали нивото на загадувањето, односно да се намалат емисиите што ги испуштаат капацитетите во животната средина. Во зависност од големината на индустриската инсталација, интегрираните еколошки дозволи се делат на ИСКЗ А и ИСКЗ Б.

fabrikaИнтегрираното спречување и контрола на загадувањето, пред сѐ, има цел да обезбеди заштита на животната средина со посебен акцент за заштита на човековото здравје, но и на флората и фауната. Со примената на ИСКЗ се охрабрува користењето на чисти технологии, се намалува отпадот и се подобруваат ефективноста и ефикасноста во контролата на загадувањето. Сево ова придонесува да се минимизира влијанието на индустријата врз животната средина.

Повеќе информации во денешното издание на Дневникот на „ТВМ“ Телевизија.

{loadposition content9}