Skip to main content

„Комуналец“ бара извинување, „Анималија“ не гледа причина за тоа

Обвиненијата од страна на Здружението за заштита на животните „Анималија“ дека ЈП „Комуналец“ во Студенчишкото блато депонира отпад за директорката на „Комуналец“, Елена Скрческа неосновани. Таа тврди дека не се фрла ѓубре во блатото. Но, кога нашата екипа сакаше да се увери во тоа на лице место не и беше дозволено да снима.

 |  Јаковлева Лионела  | 
студенчишко блато
studencisko blato

Невладините организации обвинуват дека деградацијата на  Студенчишкото блато продолжува. Oд Здружението за заштита на животните „Анималија“ тврдат дека, и покрај реакциите на јавноста, таму сеуште се одлага отпад, и тоа од страна на ЈП Комуналец. Вчера тоа и го изјавија на јавната расправа која се одржа во општинската зграда а се однесуваше на донесувањето на ГУПОТ за УЗ 17.1 во која спаѓа и Студенчишкото блато. Во телефонски разговор директорката на ЈП Комуналец, Елена Скрческа за ТВМ кажа дека за ваквата изјава од преставникот од „Анималија“ ќе бара јавно извинување затоа што не било точно оти тие депонираат отпад во блатото. студенчишко блато

Отпадот за кој обвинуваат од здружението „Анималија“  се наоѓа во рамките на дирекцијата на ЈП „Комуналец“. На нашата екипа не и беше дозволено да снима со образложение дека директорката е отсутна, а останатите вработени немаат овластување за тоа.

Од невладината „Анималија“ пак за ТВМ велат дека не чувствуваат никаква потреба да се извинат бидејќи имаат фотографии на кои се гледа дека „Комуналец“ блиску до расадникот депонира материјален отпад и материјал за компостирање кој содржи и некои материи кои се штетни за живиот свет во блатото.

Ваквите ситуации по правило треба да ги реши комуналниот инспектор кој на терен треба да утврди дали е направен прекршок и е загадена животната средина или не. Општина Охрид веќе две години беше без ваков инспектор кој е многу важен бидејќи покрај другото треба да ја контролира и работата на јавните претпријатија во случајов Комуналец. ТВМ неколку месеци наназад бара информација од локалната кога ќе биде поставен комунален инспектор. Дознавме дека токму денес на оваа функција бил именуван Зоран Плушкоски кој досега беше градежен инспектор. Па му посакуваме многу успех во извршувањето на неговите работни задачи бидејќи во градов се натрупани многу проблеми кои токму тој ќе треба да ги решава.

{loadposition content9}