Skip to main content

Комуналец денеска на повеќе локации

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ го расчистија просторот околу црквата Св. Софија, Љубов, Вера и Надеж во Лагадин, во пресрет на празникот.
 |  инфодеск  | 
Акција Комуналец

По повод празникот посветен на великомаченичките Св. Софија, Љубов, Вера и Надеж, ( петок, 30-ти септември), екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ темелно го расчистија просторот околу истоимената црква во населбата Лагадин.

Акција Комуналец

Хортикултурно е уреден дворот на црквата Св. Богородица Перивлепта со украсни садници од сопствено производство. Во изминативе денови максимално ангажирани околу расчистување на кејот. Поради засилениот јужен ветер големи количини реса, алга и други отпадоци секојдневно се натрупуваа по кејот и во крајбрежниот појас – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Акција Комуналец

„Со овие активности продолжуваме и во следните денови“, додаваат оттаму.

Акција Комуналец
Акција Комуналец