Булевар туристичка
Комуналец ја исчисти депонијата на влезот од Охрид
Конечно се реши проблемот на граѓаните кои живеат на влезот од градот. ЈП „Охридски Комуналец“ ја исчисти депонијата на бул. Туристичка.
По 12 години барање до Локалната и ЈП „Охридски Комуналец“, конечно се реши проблемот на граѓаните кои живеат на самиот влез на Охрид.
По налог на Општина Охрид, се реши долгогодишниот проблем со дива депонија и обраснатиот појас на Бул.Туристичка (на самиот влез на градот кај Плавобели згради) – велат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Во акцијата беа вклучени 2 машини, 1 камион, 2 трактори и 14 луѓе, а истата траеше две недели.


