Skip to main content

Комуналец наскоро ќе набави машина за дробење на зелен отпад

 Комуналец  наскоро  ќе набави  машина за дробење на зелен отпад .

 |  Валентина Неловска  | 
коминалец

Граѓаните се ослободуваат од непотребниот отпад кој како ќе се снајде. Во контејнерите, покрај нив, покрај патиштата, покрај реките, па дури и во близина на езерскиот брег. Честа е сликата со отпад оставен покрај контејнерите, а покрај различните отпадоци го има и зелениот отпад од  делови од растенија и дрвја. Од ЈП Охридски комуналец информират дека засега  од тој отпад преработуваат само дел, а за скоро време најавуваат посериозен  пристап кон овој вид на подигање на отпадот, информира  Трајче Љатков ЈП Охридски комуналец.

дива депонија„Има проект со Југозападен плански регион каде терба да се набави специјална машина за дробење на зелен отпад и наскоро ќе почне целосно зелениот отпад да се третира“, информира Љатков.

Во развиените европски земји пак, кон кои тежнееме да се приклучиме, не постои отпад. Тој или се рециклира или се користи како енергенс. Рационалниот европски Запад нe признава отпад, туку на сите начини се обидува да биде прагматичен и да го  искористи за општ бенефит.

Ние како земја, реално гледано, имаме проблеми со отпадот. Како  аграрна земја која произведува огромни количини земјоделски производи,  создава и големи количини органски отпад. Но, тој  завршува како смет заедно со останатиот отпад. Доаѓа до пренатрупување на депониите, до создавање на нови диви депонии,  се загадува околината и се создава мошне грда слика.

ѓубре

 

А наместо тоа, можеме да имаме поинаква, подобра и покорисна состојба. Отпадот од неорганско потекло со рециклирање може повторно да се употреби во процесот на производствсто. Исто така, и отпадот од органско потекло може  повторно да се искористи  ако се претвори во органско ѓубриво со процес на компостирање. 

Се надеваме дека граѓаните ќе имаат избор за да се вклучат во заштита на животната средина откако  институциите ќе им понудат и друга опција следејќи го примерот на еврпоските земји.