Skip to main content

ЈП Охридски Комуналец

Комуналец со вонредни активности за чист град и приградски населби

Се реализира акција за расчистување на диви депонии во с. Рамне и с.Косел од каде се подигнати 46 м3 кабаст и зелен отпад.
 |  инфодеск  | 

ЈП Охридски Комуналец викендов реализира голем број активности за чист град и приградски населби.

Се реализира акција за расчистување на диви депонии во с. Рамне и с.Косел од каде се подигнати 46 м3 кабаст и зелен отпад.

Се спроведоа активности за одржување на јавна чистота во селата Подмоље, Рамне, Велестово, Горно Лакочереј, Долно Лакочереј, населба Грашница и кај детското игралиште во населба Видобишта.

Вонредни активности беа преземени за местење кај прекопите ул. 7-ми Ноември, ул. Железничка, ул. Ариф Мустафа и во близина на зградите каде се одвиваат градежни активности во населба Бејбунар.

Од претпријатието, по барање на сообраќајна полиција, интервенирале кај запалено возило и кај сообраќајна незгода.

Во централното градско подрачје и пешачки патеки корпите за ситен комунален отпад се празнат секојдневно во три смени, напоменуваат од претпријатието.