Skip to main content

ЈП „Охридски Комуналец“ започна со подготовките за брза интервенција во зимски услови

На повеќе пунктови во У.З. „Стар Град” депонирани се вреќи со сол и ризла. Овој дел од градот е од највисока категорија по приоритет за интервенција заради специфичноста на теренот.
 |  инфодеск  | 

Оперативните служби на ЈП „Охридски Комуналец“ започнаа со подготовките за брза интервенција во зимски услови.

– На повеќе пунктови во У.З. „Стар Град” депонирани се вреќи со сол и ризла. Овој дел од градот е од највисока категорија по приоритет за интервенција заради специфичноста на теренот, тесни и стрмни улици и сокачиња. На овој начин, во услови на снег и голомразица, ќе се овозможи непречено движење на граѓаните и возилата во стариот дел од градот, велат од јавното претпријатие.

Додаваат дека со подготвителни активности за интервенција во зимски услови ќе продолжат и во другите делови од градот, според претходно дефинирана приоритетна група.

Активностите се спроведуваат согласно законските обврски кои ги има Ј.П.„Охридски Комуналец” околу одржувањето на јавните површини во зимски услови и „Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид”