„Комуналец“ ги засилува активностите пред првомајските празници
Пред првомајските празници Ј.П.„Охридкси Комуналец” посебен акцент стави на одржувањето на јавната чистота преку хортикултурно уредување на населбите, метење и миење на јавните површини и подигнување на различен вид отпад (пластика, градежен шут и др.).
Темелно се расчистени викенд населбите „Даљан“, „Расадник“, „Никола Карев„“ и др.
Стариот дел од градот, кој е првата локација каде се упатуваат туристите, е темелно расчистен и искосена е тревата покрај „Илинденска“, „Климентов Универзитет“ и „Кирил и Методиј“.
Канделабрите на градскиот плоштад се украсени со паѓачки сардели, а во наредните денови со сардели ќе се украсат канделабрите по чаршијата и градскиот плоштад.
И главната сообраќајница во Охрид-„Булевар Туристичка„ хортикултурно се уредува и трoтоарите се метат. Денот на трудот „1-ви Мај” вработените од „Јавна хигиена“ ќе го одбележат работно, со темелно расчистување и хортикултурно уредување на сообраќајницата „15-ти Корпус“.
{loadposition content9}