Комуналната хигиена во Охрид среде сезона жешка тема на седницата на градскиот совет
„Сведоци сме каков комунален хаос не има снајдено нас во Охрид, изјави денес од општинската говорница Бојан Михајловски, советник во Советот на општина Охрид од СДСМ. Обвини дека градот како никогаш досега се гуши во смет и запраша дали пред најпосетениот викенд кој ни претстои, јавното комунално претпријатие „Охридски Комуналец“ е подготвено да се справи со предизвикот?
„И покрај вашите убедувања дека со изнајмувањето на приватната фирма ќе се реши комуналниот хаос во Охрид, не можеме да забележиме некоја разлика, ама забележуваме возила од повеќе градови присутни за подигање на отпадот, па дали е обновен договорот, дали има нов договор, која е фирмата и од каде ги изведуваат тие работи? – рече Михајловски од говорницата.
Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков, на советникот Михајловски му предложи кога сака, освен кога се подига отпадот што е секогаш најавено, на која локација сака, ненајавено, заедно да го проверат тоа.
„Дали сте вие подготвени да дојдете со мене и се тоа да биде проследено со камери како советник кој го поставува прашањето, и да одберете вие локација, каде сакате, во термин во кој сакате, освен кога се подига сметот, се знаат термините, а и тогаш се сликани на неколку локации. Во право сте за одредени нработи, но проблемот со новата купена механизација купена во 2017, 2018 и нефункционалноста нивна и снаоѓањето и питачењето мое по градовите Радовиш, Ресен или било кој кој може да не снабдува, и мене ми е непријатно.“ – кажа Пецаков.
Просечната старост на возилата кои ЈП „Охридски Комуналец ги користи е 20 години. Затоа се одлучивме да подигнеме кредит за набавка на две нови возила. Но три месеци како немаме никаков одговор од Министерството за финансии и поради, информираше Сашо Најдески, ВД Директор на ЈП „Охридски Комуналец“.
„Динамиката за подигање на контејнерите е секојдневна На одредени локации и по три пати на ден. Воведени се вонредни возила за меѓу смена и две возила за ноќна смена. Го подигаме сметот по таа динамика како што треба, на локации и по четири пати, но несовесноста на граѓаните си го прави своето.“ – кажа Најдески.
Најдески посочи дека секоја локација со контејнер е потенцијална депонија, токму поради несовесните граѓани кои знаат да депонираат дури и инертен отпад до контејнерите. Упати апел до граѓаните да го депонираат на Мауцкер депонијата каде до половина кубик инертен шут, депонирањето е бесплатно.