Skip to main content

Конакот во комплексот Перивлепта со нови содржини

Во комплексот Богородица Перивлепта наскоро ќе стартува конзервација, реставрација и ревитализација на конакот и камбанаријата.

 |  Валентина Неловска  | 
crkva
crkva

Во комплексот Богородица Перивлепта наскоро ќе стартува конзервација, реставрација и ревитализација на конакот и камбанаријата.  Секој момент се очекува добивање на конзерваторското одобрение од  Управата за заштита  на културното наследство по што ќе следи рушење на ѕидовите и кровот на конакот кој се во лоша состојба. Под раководство на врвни македонски  статичари ќе се зајакнуваат постоечките ѕидови и ќе се реконструира она што мора да биде  срушено, нагласува  директорот на Завод и музеј, Тања Паскали Бунташеска. Со градежните зафати во комплексот се предвидени и  повеќе наменски содржини, објаснува директорката.
konak
„Ќе се ревитализира целиот простор. Во приземјето ќе бидат сместени продавница за трговска стока, каде што ќе се продаваат свеќи и сувенири. Просторот околку црквата ќе биде отворен, а ќе бидат обезбедени и санитарни чворови кои се неопходни, библиотека со читална и мала кафетерија за безалкохолни пијалоци“.  

Покрај овој проект тече и проектот за реконструкција на архитектурата на црквата Перивлепта. По конзервацијата на архитектрурата ќе следи и внатрешната конзервација на фреско живописот. Завршени се археолошките испитувања во  и околу црквата па се очекува доаѓањето на архелогот од Унеско за да се продолжи со конзервацијата на кровот.

„ Имавме топло суво лето , кое придонесе до добро исушување на влагата под кровна конструкција, по остранетите стари ќерамиди. Црквата ќе биде покриена пред почетокот на зимата. Експерти , археолози, конзерватори и сликари се вклучени во проектот. Го очекуваме архитектот од Унеско кој треба да даде понатамошни смерници кога ќе продолжиме со конзервација  на архитектурата“. 

perivlepta

Санација ќе претрпи и камбанаријата што се наоѓа во црковниот комплекс. Зафатите на овој објект ќе бидат во помал обем затоа што состојбата тука не е во многу лоша состојба, вели Паскали Бунташеска.
Археолошки истражувања ќе бидат спроведени во и околку конакот, за што Македонската православна црква дала одобрение.  Координатор на проектот за комплексот Перивлепта е Управата за заштита на културното наследство. Реконструкцијата ќе биде со грант од Америчката амбасада, а зафатите ќе бидат под надзор на експерти од Унеско .

 

{loadposition content9}