Концерт на “ЧАЛГИЈА САУНД СИСТЕМ” оваа сабота во Охрид
НУ Центар за култура “Григор Прличев” -Охрид,Ве поканува на ПРЕДВЕЛИГДЕНСКИ КОНЦЕРТ со “ЧАЛГИЈА САУНД СИСТЕМ”, – група која ја негува македонската чалгиска музика, но и изведува музика које е инспирирана или слична со чалгиската.

Концертот ќе се одржи оваа САБОТА, 12-ти АПРИЛ 2014 година во големата сала на центарот со почеток 20.30 часот. Влез 100 денари.
Чалгија саунд систем е состав формиран во 2008 година од група на млади луѓе кои претходно беа ангажирани во неколку проекти со слична музичка ориентација како Калдрма, Бидичалги и Стринг Форсис. Во него членуваат Добрила Грашеска – вокал, Александра Кузман на виолина, Бошко Мангаровски – канун, Филип Крстевски – дајре и тарабука и Дориан Јовановиќ на ут, а нивната идеја за овој проект не беше само да посегнат по старата македонска чалгаџиска традиција, туку и да создаваат свои авторски композиции во тој дух.
{loadposition content9}