Skip to main content

Охридските групи и солисти утревечер ќе се промовираат пред својата публика

Охридските групи и солисти утревечер ќе се промовираат пред својата публика. Организаторот вели дека овој концерт за многумина ќе биде отскочна штица за да можат да продолжат по својот пат до успехот.

 |  Јаковлева Лионела  | 
koncert
концерт

Млади охридски бендови и солисти утревечер ќе можат да се промовираат пред охридската публика. Четири групи и тоа: Ени рендом, Кј Данте, Ас би си, Уличен аспект и тројца солисти Елена Бујаровска, Теодора Настоска и Драга Ставреска, ќе можат да покажат што знаат и умеат секој во својата област. Концертот ќе биде колаж од различни музички правци како рок, рап, кои ќе се изведуваат акустично, а соло настапите ќе бидат на матрица. Ќе има и стенд ап комедија.tasko labroski

Ташко Лаброски, организаторот на концертот објаснува дека ова не е прв ваков обид да се испромовираат младите и надежни таленти од градов. Тој вели дека на секого му е потребна отскочна штица за да може да се пронајде каде навистина припаѓа и што најмногу му лежи во животот.

Концертот ќе се одржи утревечер од 19 часот во Центарот за култура Григор Прличев, а цената на билетот чини 70 ден. Со собраните пари ќе се надоместат трошоците околу овој настан. Инаку, организацијата на овај музички хепенинг ја потпомогнале Центарот за култура, Општина Охрид и неколку медиумски покровители.

{loadposition content9}